Monday, June 19, 2017

Како адаптираното млеко, кое е направено за вонредни ситуации стана секојдневна храна за бебиња

Текстот е превод на една една мајка, Gingi, која го напишала на својот блог. Бидејќи е доста интерсен и многу корисен решивме да го споделиме со вас. Ќе биде преведен како што е напишан, односно во прво лице. Се надеваме дека идните мајки ќе размислат пред да одлучат на кој начин ќе го хранат своето бебе особено заради фактите наведени во текстот.
***
Често сум прашувана од различни луѓе - од оние кои се навистина заинтересирани до провокатори - зошто вложуваш толку многу во наоѓање на млеко за своите деца, бидејќи не можеш сама да го создадеш! "Зошто едноставно не му дадеш на бебето формула?" "Дали мајките кои дојат те осудуваат дека си лоша мајка затоа што на своето дете нема да му дадеш мајчино млеко!
Веќе долго време сакам да го напишам своето мислење за адаптираното млеко но никако да најдам време. Делумно затоа што оваа тема е толку опширна. Толку многу што додека пишував сфатив дека морам да го поделам текстот во два дела. Првиот дел ќе биде посветен на историјата на адаптираното млеко, а вториот дел ќе биде за составот на адаптираното и мачиното млеко и ризиците и благодетите на хранењето исклучиво со формула.

Сакам да нагласам дека овој текст нема цел да го сатанизира адаптираното млеко!

Благословени сме што живееме во време каде децата не умираат од нухранетост и лоша исхрана затоа што нивните мајки не можат да дојат. Кога се работи за исклучоци, адаптираното млеко, во недостаток на други опции, е буквално средство за спасување на животи. Но искклучиво, хранење со формула како единствен извор на хранливи состојки има и низа сериозни недостатоци и како што се надевам, овој текст ќе ви покаже дека адаптираното млеко никогаш не е наменето да се користи за секојдневна исхрана освен во најстрашни вонредни ситуации.
Бебињата имаат потреба за „жива“ храна од мајчините гради. Мајчиното млеко содржи живи ќелии, хормони, активни ензими, антитела и најмалку 400 други единствени состојки. Тоа е динамична супстанца која при секој подој обезбедува активен имунитет и заштита од болести. Во споредба со оваа чудесна течност, вештачкото млеко кое се продава како адаптирано млеко за деца, буквално спаѓа во нешто повеќе од брза храна.
Адаптираното млеко е единствен прехранбен продукт кој човечката врста го охрабрува да се користи повеќе месеци иако знаеме дека ниту еден жив човечки организам не може да остане здрав и да биде напреден ако конзумира екстремно обработена храна. Во продолжение на овој текст ќе ги нагласам деталите споредувајќи го мајчиното со адаптираното млеко во нутритивна смисла, но најпрво да се запознаеме со историјата на настанокот на адаптираното млеко.


ИСТОРИЈА НА АДАПТИРАНОТО МЛЕКО

Исхрана со шише и охрабрување на мајката своите деца да ги храни со високообработена храна од самото раѓање е актуелна последните 60 години. Мајките не се сретнале со изборот дојка или шише ниту сакале се до скоро, историски кажано.
Адаптираното млеко никогаш не требало да биде користено во оваа мера колку што се користи денес!


Некаде околу 1800 година и порано- Ера на доилката

Низ историјата доколку жената не била во можност да создава млеко за своето дете или ако починала и оставила зад себе гладно сираче, за тие деца се обезбедувала доилка- жена која доела туѓи деца.



Ангажирањето на доилка било вообичаена пракса пред да се измислат шишенцата и адаптираното млеко. Користењето на доилка е пракса уште 2000 години пред Исус и продолжило да постои се до 20 век. Доколку не можело да се обезбеди доилка, тоа дете било осудено на исхрана со млеко од друг цицач, т.н. „dry nursing”
Се до почетокот на 1800-те години недостатокот на мајчиното млеко значело буквално живот или смрт.



1845 до 1846 – Пронаоѓање на цуцлите и шишенцата за бебиња
Доказите укажуваат дека шишињата и цуцлите се користеле уште во старите времиња, направени од груби материјали како имитација на мајчините брадавици. Илјада година пред Исус се пронајдени остаоци на прибор во сите облици и големини. Во гробовите на новороденчињата се пронајдени остатоци од глинен прибор за хранење со додатоци во облик на брадавица, а датираат од времето 2000 години п.н.е. па наваму. За овие цврсти шишенца за хранење како и за проблемите околу нивната хигиена пишувано е уште во Римско време, Средниот век како и во времето на Ренесансата.
Но дури во 1845 година Elijah Pratt ја измислил и патентирал индиската гумена цуцла како успешна и употреблива замена. Дури со употребата на гумената цуцла која симулирала подој решен бил проблемот со исхрана кај новородените сирачиња. Со пронаоѓање на цуцлата вниманието се насочува кон изнаоѓање на соодветна храна која нема да резултира со толку многу смртни случаи
На почетокот на 1846 год научниците и нутриционистите ги поврзале медицинските проблеми и смртноста, со исхраната со млеко од други цицачи и како приоритет си задале себеси цел да го направат првото адаптирано млеко.


1867 дo 1888 – Создадено е адаптираното млеко
Првото комерцијално адаптирано млеко создадено е во 1867 година од Justus von Liebig;   Liebig-ова раствролива храна за бебе која се произведувала и продавала во Лондон од страна на компанијата Liebig’s Registered Concentrated Milk Company. Liebig не го оспорувал очигледниот факт дека мајчиното млеко е совршена детска храна но тврдел дека успеал хемиски да ја создаде супстанцата чиј хемиски состав бил „скоро идентичен како мајчиното млеко“
Успехот на овој производ набрзо ја поттикнал и конкуренцијата како што биле Mellin’s Infant Food, Ridge’s Food for Infants i Nestlé’s Milk па до 1883 година на пазарот биле патентирани 27 брендови на храна за деца. 
Ова млеко и понатаму го имало статусот на млеко за итни ситуации, млеко без кое бебињата би умирале од глад. Иако ги хранело, сепак имало недостаток на нутритивни состојки како протенини, минерали и витамини. Како што е изјавено во бостонскиот Daily Globe 11.04.1880.:Должност на секоја мајка, а посебно оние чија обврска е да го прехранат детето, е да ги истражат добробитите на најдобрата вештачка храна, со цел одржување на детето во живот.“

1890 до 1907 –Претставена е формулата за адаптирано млеко кое може да се подготвува во домашни услови

Додека адаптираното млеко покажувало драстично намалување на смртноста кај децата, медицинските стручњаци и натаму го делеле мислењето дека тоа не е гаранција за успешно совладување на сите проблеми односно лек за се.
И покрај тврдењата дека „ скоро е идентично со мајчиното млеко“ многу деца се уште умирале поради неухранетост, скорбут, рахитис и бактериски инфекции.
Докторите и натаму биле загрижени за квалитетот на адаптираното млеко за комерцијална употреба и сфатиле дека тоа не е доволно да ги подмири потребите на дигестивниот систем на детето, додека медицинските препораки како што била онаа на  Thomasa Morgana Rotcha за „процентуалниот метод“ (објавена 1890 година) биле широко прифатени до 1907 година. Оваа комплексна метода препорачувала мешање на кравјо млеко со вода, павлака и шеќер или мед во одредени проценти како би се постигнало, според верувањата, нутритивен баланс кој ќе се приближи до составот на мајчиното млеко.
Ова „домашно адаптирано млеко„ било поевтино и се верувало дека е поздраво. Но сепак децата кои се хранети со адаптирано млеко покажувале здравствени проблеми кои се поврзани со исхраната како скорбут, рахитис и бактериски инфекции кои не се појавувале кај доените деца.

1908 до 1950 –  Млекото во прав ја зафаќа Америка како ураган

Во текот на 1910 година млекото во прав е пуштено во комерцијална продажба по многу ниска цена. Баш во тој момент корпорациите кои се занимаваат со производство на млеко, изработиле клинички истражувања за адаптираното млеко во прав кои сугерирале дека децата хранети со него напредуваат „како доените деца“.
Овие тврдења ги побиваат модерните истражувања и едноставно со текот на времето се покажало дека се работи за големи финасии поткрепени со лаги.

Со текот на времето овие гласини за адаптираното млеко кое било со доста поволна цена и можност секој да го има во својот фрижидер страшно влијаеле на зголемувањето на употребата на формулата во американските домови. Со се поголемиот број на вработувањата на мајките толку повеќе се потпирале на храната во шише како би го прехраниле своето дете, а оваа „инстант храна за бебе“ им звучела како чудотворна храна. До крајот на 1930-тите употребата на адаптираното млеко во прав во САД ги надминала сите комерцијални формули и до 1950 година половина од бебињата во САД биле хранети со адаптирано млеко во прав.


1951 до 1970 – Корпорациите за адаптираните млека за комерцијална употреба започнуваат агресивна кампања

Кон крајот на 1950-те Alfred Bosworth објавил нова формула Similac (за „similar to lactation“ или во превод слично на мајчиното млеко) и Mead Johnson ја пуштил во продаба Enfamil (за „infant meal“ или во превод детски оброк).Се поголемата популарност на вештачкото млеко започнала да ја менува социјалната клима и погледот кон доењето како на нешто „валкано“ и „нечисто“.

1971 до 1996 – Смртност поради употребата на формула како и зголемувањето на заболувања алармираат 

Во раните 1970-ти повеќе од 75% на бебиња во Америка била прехранувани со адаптирано млеко, најчесто наменето за комерцијална употреба. Кога во индустриските земки во текот на 1970-те дошло до пад на наталитетот, компаниите, произведувачи на адаптирано млеко се прошириле и во неиндрустриските земји. На жалост, санитарните услови довеле до пораст на смртност меѓу децата хранети со адаптирано млеко бидејќи било подготвувано со загадена вода. Исто така, жените од земјите од третиот свет, со користењето на адаптираното млеко и недоволниот број на подои довеле до намалување на природната лактација, па тие за да млекото им трае подолго го растворувале со три пати повеќе вода отколку пропишаното. Како резултат на тоа дошло до масовна смртност кај децата заради неухранетост.
UNICEF проценува дека детето кое се храни со адаптирано млеко во нехигиенски услови има 25 пати повеќе шанси да умре до дијареа и четири пати повеќе шанси да умре од воспаление на плуќа од доено дете.
После проценети околу 1,2 милиони смртни случаи во светот, предизвикани од употреба на адаптирано млеко, во земјите од третиот свет, организирани се протести од кои најпознат е бојкотот на  Nestlea од 1977 година кој барал крај на неетичкиот маркетинг.
Неетичкото ширење на адаптираното млеко- замената на итните случаи преставени како „здрав“ избор во исхраната, резултирале со донесување на Меѓународниот кодекс за рекламирање на замената за мајчиното млеко.Тоа е меѓународна рамка на здравствената политика за промоција на доењето усвоена во 1981 година од страна на СЗО. Кодексот е развиен како глобална здравствена политичка стратегија и препорачува ограничување во рекламирањето на адаптирани млеко за да се осигураат дека мајките нема да се откажат од доењето и како замена на мајчиното млеко, формулата ќе се користи само ако навистина е неопходно.



1997 до денес – Културата на дојка или шише

И покрај напорите со кампањи за подигање на свеста на културата за „брза храна“ во Америка се уште се прифаќа широката употреба на адаптираното млеко.
Покрај комерцијалните брендови на пазарот во САД во 1997 година претставени се и генерички производи на адаптирано млеко, PMB производи. Овие приватни марки на адаптирани млека се продаваат низ големите трговски ланци како WalMart, Target, i Walgreens.
Иако здравствените штети од користењето на АД млеко, на кратки и долги стази, се се поочигледни, водечките здравствени организации ( СЗО, U.S. Центар за контрола на болести и Министерството за здравје, заедно со непрофитните организации како што е Le Leche League) и понатаму се обидуваат преку јавни кампањи да ја намалат негвата употреда и да ја зголемат застапеноста на доењето од раѓање па се до првата или втората година на детето.
Во овој момент ( текстот е напишан 
Податоците во Америка јасно покажуваат дека бебињата во високите друштва и понатаму се разболуваат како последица на раното воведување на АД млеко кое е наменето само за итни случаи. Истражувањата покажуваат пораст во развојот на атопија, шеќерна болест и детска гојазност едноставно само поради достапноста на оваа брза храна за бебиња.
ПРОДОЛЖУВА

1 comment:

  1. Having read this I believed it was rather informative. I appreciate you finding the time and effort to put this information together.
    I once again find myself spending way too much time both reading and
    posting comments. But so what, it was still worthwhile!

    ReplyDelete